Скопје

Боксови во Центар: пред полноќ, четири лица се степале за имот

На 05.06.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.О.(38) и Ѓ.О.(62) од една страна и А.О.(34) и Р.Д.О.(59) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток