Свет

Експлозија во Романија: Најмалку 12 повредени

Најмалку 12 лица се повредени во експлозија и пожар во продавница во Романија денес наутро, соопштија службите за итни случаи.

Експлозијата се случила во продавницата Дедеман во Ботошани.

Според романските медиуми, повредени се 12 лица, од кои едно е во тешка состојба.

Со хеликоптер била префрлена во болницата во Јаша.

Пожарот е локализиран, а во тек е потрага по потенцијални жртви кои можеби останале во продавницата, додаваат медиумите.

На почеток