Македонија

Апасиев: Гаши го прекршува Уставот за Џафери да не биде разрешен

„Уставот е јасен! Дополнително има дури четири други закони кои изречно со ,,jus cogens” норма пропишуваат неспоивост на функција. Тоа се: Законот за Собранието, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси“ – рече лидерот на опозицијата и пратеник од Левица, Димитар Апасиев, при процедуралното обраќање на собраниската седница, а по однос на неуставното, незаконското и неделовничкото заземање на две неспоиви функции од страна на Талат Џафери.

„На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако: Поднесе оставка, е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор поголема од пет години, настапи неспоивост со функцијата пратеник, му престане државјанството на РМ, со правосилно решение биде лишен од деловна способност или со смрт“, додава Апасиев.

Во своето процедурално обраќање, лидерот на опозицијата – Апасиев, таксативно ги наведе случаите по коишто престанува функцијата пратеник.

– Ставот три е многу битен, којшто вели: ,,Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настанување на случаите од ставот 1, точки 2, 3, 4, 5, и 6″. Значи, точката 3 којашто е случај на инкопатибилност е спомената изрично. Слушајте што вели: ,,Собранието тоа го констатира на првата наредна седница”. Ова е прва наредна седница после верификацијата на мандатите – објасни Апасиев.

Инаку, уште на 4 јуни, пратеничката група од Левица има поднесено барање врз основа на сите наведени членови.

– Кај пратеникот Џафери, согласно Одлуката за верификација се констатира престанок на неговата функција без расправа со прост премин – поентираше Апасиев.

На почеток