Сиљановска ќе го потпише законот кој се гласаше ноќеска во Собранието


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е должна да го потпише указот на Законот за организација и работа на органите на државната управа бидејќи станува збор за системски закон кој се носи со двотретинско мнозинство.
-Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, Претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот, соопштија денеска од кабинетот на Сиљановска Давкова.
Се очекува во најскор можен рок да биде потпишан, и да се формира новата влада.
Веќе почнаа да се појавуваат првите имиња за министри за заменици министри во јавноста. Се очекува идната недела да бидат назначени новите министри во 20-те министерства.
Како што е познато, бројот на министерства од 16, со новиот закон се зголеми на 20, а ќе има 24 министри, односно четири ќе бидат без ресор.
