Македонија

Со кои институции, агенции, затвори ќе раководи ВЛЕН: Финансиско разузнавање, Фонд за здравство, затвори..

Договорени се над 60 здравствени и кулутурни институции, државни агенции и затвори, во кои на раководните функции директор или заменик-директор ќе бидат поставени кадри на ВЛЕН, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Начелно, ВЛЕН влегува на местата каде досега имаше кадри на ДУИ. Па така, директори ќе имаат на Клинички центар, заменици во Фонд за здравство и Пензиски фонд.

Свои луѓе ќе постават и во Управа за финансиско разознавање, заменик-директори во Управа за финансиско разузнавање УЈП, Централен регистар, Агенција за администрација и Царина, директор во Управа за матични книги. Од покрупните договорени институции, договорени се и заменичкото директорско место во МРТВ и МИА, директорското на ЈП Пасишта, Агенција за класифицирани информации, Метрологија, заменичкото во Државни шуми и ЕЛЕМ.

ВЛЕН ќе раководи и со повеќе театри, со Филхаронија, а заменик директор ќе добие и во Универзитетската библиотека во Скопје.

Од затворски институции, добива двајца директори и тројца заменици директори. Па така, кадри на оваа партија ќе раководат со струшкиот и тетовскиот затвор, а заменици ќе има во охридскиот, во Шутка и Куманово.

Распределбата на ресори не е готова и се прават завршни преговори. Дел од институциите ќе добијат и ЗНАМ на Максим Димитриевски.

На почеток