Македонија

Тројца пратеници на АфД нападнати во Германија

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава, меѓу нив и лице од Балканот

Тројца политичари од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) беа нападнати во два одвоени инциденти во саботата вечерта во Германија.

Двајца градски советници на АфД беа нападнати од маскирани напаѓачи пред кафуле во центарот на Карлсруе.

Тие се полесно повредени. Досега полицијата приведе пет лица и ги ослободи откако им ги зеде личните податоци. Останатите осомничени сторители побегнале од местото. АфД соопшти дека градските советници биле нападнати со бејзбол палка. Полицијата ниту потврди ниту демантираше.

Според АфД, нападот бил поттикнат од радикалната лева сцена. Претходно во саботата, 70-годишниот Ханс-Јирген Зиклер, член на АфД во покраинскиот парламент во Саксонија, бил удрен во лицето од маж на информативна кабина во Дрезден, соопшти партијата.

Полицијата во Дрезден го потврди инцидентот. Против осомничениот напаѓач кој има 47 години е поднесена кривична пријава. Германија во изминатите неколку месеци беше погодена од напади врз политичари од целиот политички спектар.

На почеток