Свет

Урсула на чело на ЕУ

Урсула фон дер Лајен: Денешната Унија е доказ за визијата на оние кои сонуваа за подобра иднина

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде на чело на Европската унија уште пет години, изјави во Брисел лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер.

Тој го изјави ова откако таа десноцентристичка партија освои најмногу гласови на изборите за Европскиот парламент.

Тој нагласи дека ЕПП сака демократска Европа и дека „победникот на изборите сега има право да го назначи претседателот на ЕК“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Фон дер Лејен истакна дека ЕПП ќе изгради бастион против екстремизмот и од левицата и од десницата.

„Не може да се формира мнозинство без ЕПП и заедно ќе изградиме бастион против екстремизмот од левицата и десницата“, рече фон дер Лајен.

Десничарската Европска народна партија (ЕПП) освои максимални 189 мандати на изборите за Европскиот парламент, покажуваат последните прелиминарни резултати објавени во текот на ноќта во Брисел.

Овие резултати покажуваат дека ЕПП и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите ќе останат најголемите групи во ЕП, но и дека десничарските и крајнодесничарските партии го зголемија бројот на мандати во ЕП.

На почеток