Свет

Избори за Европскиот парламент: Ризичната одлука на Емануел Макрон за предвремени избори

Макрон разговараше со Нетанјаху и Абас: Итен прекин на огнот, заштита на населението во Газа

Вонредните парламентарни избори ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули пред Олимписките игри во Париз.

Францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори откако беше објавено дека десничарската партија Национален митинг, основана од Марин Ле Пен, освоила најмногу гласови на изборите за Европскиот парламент.

Според излезните анкети, партијата на десницата е близу 32 отсто, што е двојно повеќе од партијата Ренесанса на Макрон.

Објавувајќи го распуштањето на парламентот, Макрон рече дека два круга на гласање ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули, неколку недели пред Олимпијадата во Париз.

Изненадувачката одлука францускиот претседател ја соопшти во телевизиско обраќање од Елисејската палата, еден час по затворањето на гласањето за Европскиот парламент и објавувањето на прелиминарните резултати.

Претходно, младиот лидер на Националното собрание, Џордан Бардела, отворено го повика Макрон да го распушти парламентот и да распише предвремени избори.

„Ја слушнав вашата порака и нема да останете без одговор.”

„На Франција и треба јасно мнозинство во спокојство и хармонија“, рече францускиот претседател, додавајќи дека не може да се помири со напредокот на крајната десница „секаде на континентот“.

Поминаа две години откако Макрон по вторпат ја презеде претседателската функција, а тој веќе нема мнозинство во францускиот парламент.

Иако изборите за Европскиот парламент теоретски не влијаат на националната политика, тој одлучи дека продолжувањето на неговиот мандат без нови консултации ќе биде голем товар за системот.

Распишаните парламентарни избори нема да влијаат на неговата позиција, бидејќи се одвоени од претседателските, а неговиот мандат трае уште три години.

Марин Ле Пен, лидер на Националното собрание, ја поздрави одлуката на Макрон и рече дека очекува победа на националните избори.

„Подготвени сме да ја преземеме власта ако Французите ни веруваат. Подготвени сме да ја искористиме моќта, да ставиме крај на масовната миграција, да и дадеме приоритет на куповната моќ, подготвени сме Франција повторно да живее“, рече таа.

Распишувањето предвремени избори е големо изненадување за земјата, но и ризик за Макрон.

Јасно е дека Макрон се надева дека неговата партија Ренесанса ќе има подобри резултати на изборите на 30 јуни и 7 јули, како и дека и другите партии ќе поминат подобро.

На почеток