Свет

Четворица американски професори нападнати со нож во Кина

Четири визитинг професори од американски универзитет се повредени во напад со нож во парк во североисточна Кина, потврди универзитетот.

Универзитетот Корнел, лоциран во американската сојузна држава Ајова, потврди за ДПА дека четворица професори, кои престојуваат во Кина како дел од партнерството со кинескиот универзитет, биле повредени „во сериозен инцидент за време на дневна посета“ на јавен парк во североисточниот кинески град Џилин.

„Ние сме во контакт со сите четворица професори и им помагаме во оваа ситуација“, рече ректорот Џонатан Бренд.

„Ниту еден студент не учествуваше во програмата“, додаде тој.

Според пишувањата на медиумите, викендов во Градскиот парк Беишан биле избодени четворица професори.

Околностите на нападот, како и состојбата на жртвите се уште се нејасни. Американскиот Стејт департмент е известен и „ја следи ситуацијата“, изјави портпаролот на прашањето за коментар.

Кинеското Министерство за надворешни работи не беше веднаш достапно за коментар, ниту пак полицијата во Џилин.

На кинеските социјални мрежи накратко се појавија фотографии на кои се гледа како жртвите лежат на земја облеани во крв.

На Weibo, кинеската верзија на X, објавите поврзани со инцидентот најверојатно биле избришани набргу по нивното објавување.

На почеток