Свет

Макрон: Нема да поднесам оставка

Макрон: Г20 не е место за прашања за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема намера да поднесе оставка без оглед на резултатите од претстојните парламентарни избори!

Потсетуваме, Макрон во неделата вечерта ги распушти владата и парламентот, закажувајќи предвремени избори во Франција за 30 јуни, откако неговата партија претрпе пораз на изборите за Европскиот парламент.

Партијата Преродба на Макрон освои нешто помалку од 15 отсто од гласовите, додека Националното собрание на Марин Ле Пен освои нешто повеќе од 30 отсто од гласовите.

„Националното собрание не го пишува Уставот. Институциите се јасни, како и функцијата на претседателот без разлика на резултатот“, рече Макрон во изјава за Фигаро.

Макрон е 25-тиот претседател на Франција. Неговиот втор мандат започна по неговата инаугурација на 14 мај 2022 година.

„На Франција и треба јасно мнозинство за да дејствува мирно и хармонично“, рече Макрон во обраќањето до нацијата во неделата вечер од Елисејската палата.

Изборите во Франција ќе се одржат во два круга – првиот круг на 3 јуни, а вториот на 7 јули.

На почеток