Свет

Најмалку седуммина загинати од ураганот Мајкл

Силниот ураган Мајкл однесе најмалку седум животи, додека илјадници војници и спасувачи на северозападот на Флорида се дел од акцијата за спасување и расчистување на улиците.

Во средата ветрот беснеел речиси 3 часа низ улиците со брзина од 249 километри на час, известуваат странските новинари.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека штетата од Панама Сити до Мексико Бич е многу поголема отколку што очекувале.

Повеќе од 900.000 домаќинства, трговски и бизнис објекти во Флорида, Алабама, Џорџија, Северна и Јужна Каролина се без електрична енергија.

На почеток