Свет

Лидерите на Г7 се договорија за заем од 50 милијарди долари за Украина од замрзнати руски средства

Самитот на Г7 почна денеска во Борго Игнација, Италија, а на отворањето беше постигнат договор за предлогот на САД за поддршка на заем од 50 милијарди долари за Украина со користење на замрзнати руски средства.

Италијанскиот премиер Џорџо Мелони ги поздрави шефовите на држави на Г7 на самитот во луксузно одморалиште во јужна Италија, велејќи дека сака пораката на состанокот да биде дијалог со глобалниот југ и единство.

Италија, која е домаќин на самитот, покани неколку африкански лидери, вклучително и алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун, кенискиот претседател Вилијам Руто и тунискиот претседател Каис Саид, да ја промовираат италијанската развојна и миграциска иницијатива на континентот.

Други гости се украинскиот претседател Володимир Зеленски, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, индискиот премиер Нарендра Моди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Американскиот предлог вклучува планиран заем од 50 милијарди долари за помош на Украина во борбата против Русија, кој ќе користи камата заработена од добивката од замрзнатите средства на руската централна банка, од кои повеќето се чуваат во Европската унија.

На почеток