Свет

Повторно земјотрес во Србија: Четврти земјотрес во последните 11 дена

Серија земјотреси во Турција: четири потреси во рок од еден час

Јагодина синоќа ја погоди земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.

Иако овој земјотрес не е силен и не може да предизвика материјална штета, интересно е што ова е четврти земјотрес во последните 11 дена во подрачје кое е мирно во претходните шест години.

Земјотресот повторно е регистриран на потегот Ракитово-Мијатовац, на длабочина од два километри.

Ова е втор земјотрес во истиот ден, откако претходно ноќта меѓу среда и четврток беше регистриран земјотрес со јачина од 2,3 степени.

Вториот, послаб земјотрес е забележан синоќа околу 23 часот.

На почеток