Македонија

(Видео) Хаосот на Онкологија не застанува, Цаневска раскажува: Некогаш нема кај да се стои, а не да се седне – глетката при апсењето на Васев беше страшна

На Онкологија има денови кога нема кај да се стои, а не пак, да се седне, раскажува новинарката Катерина Цаневска која ја бие битката со ракот. Таа раскажа за моментите кога на клиниката беше уапсен доктор Нино Васев. Гужвите не застануваат. За 100 пациентки дневно, се грижат една медицинска сестра и тројца доктори.

„Во моментов, рак на дојка, дневно се прегледуваат на Онкологија, 100 пациентки. Ова ми е информација од луѓето што работат таму. И ако кажам дека во моментов, откако др. Васев е отстранет од работа, една докторка си отиде, тројца доктори се останати. Тројца доктори и една медицинска сестра треба да опслужат сто пациенти дневно. Добар ден да им кажете тоа се 100 минути. Овие пациенти се малку поспефицични од другите. Треба да им објасните. Сигурно сите имаат многу прашања. Можат до 20-ти пациент, па да си отидат. Таму доаѓаат пациенти од внатрешноста, замислете да се врати секој и да му се каже да дојде утре“, рече Цаневска.

Раскажа и за стравот кај пациентите кога беше уапсен доктор Нино Васев. Раскажа како пациентите биле исплашени и во грч, дека ќе останат без терапии кои мора да се потпишат од доктор.

„Вторникот се случи упадот на полицијата. Тоа беше страшна глетка. Како што ми кажуваше жената која дојде во собата. Рече: ‘Катерина страшно беше, дојдоа едни со нешто што пука. Се затворив во собата, затоа што не знаев што се случува’. Јас пред да тргнам од дома, прочитав вест дека др. Васев се криел и бегал, што не е точно според кажувањата на медицинските лица, но и според изјавите дадени за некои новинари. Тоа дополнително ги вознемири пациентите. Јас почувствував несигурност. Секоја терапија се потпишува, викам сега нема кој да ми даде терапија“, раскажа Цаневска.

Следете во живо:

На почеток