Македонија

(Видео) „На Торакална ме отпишаа, рекле ќе живеам уште шест саати, добра сум и по девет месеци“ новинарката Цаневска раскажа за борбата со канцерот

Новинарката Катерина Цаневска во детали за поткастот „Претрес со Ландов“ за борбата со ракот. По десет години, започнала со лекување. Пред да падне во бессознание, побарала и песна со која да се опростат од неа. Цаневска рече дека тоа биле страшни денови.

„Бев два дена во бессознание“, рече Цаневска.

Завршила на Торакална, а докторот ја отпишал од живите.

„Тоа што го преживеав на Торакална, не сакам никој да го преживее. Рекле дека ќе живеам шест саати и да ме земат дома, за да ме снема дома, да починам дома“, рече Цаневска, па додаде: „На блиските им рекле: ’Толку е од неа, само весело и толку од неа, рекле, а мене ми остана нејасно што е тоа ‘само весело’. Од тие шест саати поминаа девет месеци, добра сум, се радувам на животот“.

На Онкологија ѝ кажале дека треба да прима лек наредните три години, а таа ги прашала од каде се оптимисти дека ќе живее толку, на што превртувале очи.

Следете го поткастот со неверојатна приказна:

На почеток