Македонија

(Видео) „Груевски мислеше дека нѐ победи“, Катерина Цаневска раскажа за А1 телевизија и како дознала дека е прислушувана

Катерина Цанеска е еден од најпознатите телевизиски новинари, како и едно од заштитните лица, но и глас на згаснатата А1. Во “Претрес со Ландов” раскажа за моментите пред и по затворањето на најгледаниот медиум. Цаневска посочи дека Груевски само мислел дека ги победил, но во пракса тоа не било така.

„А1 во еден период беше блиска со власта, а потоа газдата се закара со раководството на тогашната владејачка партија, а не бевме најомилена, туку најомразена телевизија“, рече Цаневска.

Таа раскажа како открила дека е прислушувана.

„Добивавме деманти на уште неемитувани вести. И по тоа знаевме дека се прислушувани тие разговори. Тогаш ме прислушуваа на четири телефони, дури и на приватниот преку кој зборував само со мајка ми“, додаде Цаневска.

Таа ја опишува А1 телевизија како „чуден феномен“.

„Условите беа многу полоши од другите телевизии. Од тој момент, многу падна цената на новинарскиот/снимателскиот труд“, посочи таа.

На почеток