Македонија

Мицкоски: Заевизмот мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат ќе бидат референдум на народот

Ние знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на народот, правдата, и  на страната на Македонија. И таа наша определба бара и одредена пожртвуваност која знам дека секој еден вас ја носи на своите плеќи, особено во ова време кога правдата е нападната од неправда, кога вистината се обидуваат да ја заменат со лагата и кога сакаат да ни ја украдат иднината.  Кога традициите сакаат да ги одвојат од семејството.  Кога вредностите се игнорираат, а авангардата се потиснува, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски,од 18-тата Годишна конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение претседателот на ВМРО ДПМНЕ додаде: Но има и светло на крајот од  хоризонтот. 18 години по ред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ останува јадрото кое ја симболизира таа македонска пркост, топлина, мајчинство кое обврзува, но и бунтовност пред која заеднички се поклонуваме. Македонската жена е неминовен учесник во сите големи настани во нашата историја, таа е големата мајка и хероина која се бори за правдините.
Положбата на жената не е еднаш засекогаш дадено право, туку константа за која мора да се борите, унапредувате, освојувате. Во оваа наша заедничка борба Вие почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ сте рамноправниот партнер и ја имате сета  моја почит. Вашата борба е и моја борба, вашата победа ќе биде заедничка победа. Сите за еден еден за сите, рече Мицкоски.

Тој додаде:
Во земјата не владеат законите, во Македонија нема повеќе владеење на правото, а судството и обвинителството одамна не се механизмите кои што  ќе ја заштитат правдата. Случаите со тепањето на Миле и Спиро во затворот не е само податок кој докажува дека се прекршени процедурите и правилата во затворот, туку пред се тоа е последица на урнисаниот систем, неморал и доказ за невиден организиран прогон кој продолжува и во пресрет на претседателските избори.

Дури и во еден ваков толку јасен случај на неправда оставката на оној затворски управник која треба да послужи за алиби ќе почека. Доставил господинот список  на потписи во знак на  негова поддршка до деспотот .  Се кршат процедури во Собранието, се носат закони кои може да донесат само бизнис интерес за поединци, а ненадлежното СЈО ќе отвори онолку нови случаи колку ќе сметаат дека се доволни за да може да се пазари со цел да си го продолжи мандатот, зошто за нив привилегиите се далеку поважни од правото и правдината  која треба да се постигне. За пусти пари се работело и за ништо друго.

Таквиот процес во чија суштина се критериумите кажувам – негирам – заборавам практично говори за сите ветувања кои ги кажа, а не ги исполни.

Далеку сме од плата од 500 евра, нема ниту живот, ниту чист воздух,нема реформи во образованието, нема реформи во здравството, го нема клиничкиот центар, се шета низ Европа ги гази дебелите килими и  ги нуди те на овој те на оној  а економијата колабира. Граѓаните се чувствуваат несигурно. Се изгуби редот на нештата. Македонија не е нормално место за живеење.

Мицкоски се обрати и до како што кажа оние кои се мислат дали да излезат да гласат:

Значи не до оние уценетите слуги на Заев кои работат на копче, тие знам дека имаат задача и таму бизнис и притисоци се во прашање, тие се заробениците на Заев и такви има се помалку, туку на оние чесни родољубиви луѓе, интелектуалци и искрени патриоти кои се разочарани од секојдневието, а на кои Македонија им е важна. Имаме ист противник, Заевизмот е наш противник исто колку што е и ваш. Но, Македонија ни е заедничка. А бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така ќе можеме повторно да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа, ве поканувам сите.

И знам дека има некој кој што ќе рече дека еве од втор пат му успеа на Заев, ете тој стана премиер, иако реалноста е дека не победи на парламентарните избори. Јас би рекол не дај Боже да се дозволи втор Заев овој пат на функцијата претседател на држава, затоа што отиде Македонија. Овие двајца политичари кои се провлекуваат низ сета темнина на транзицијата и сите штетни политики овие дваесетина години, се многу слични навистина. Едниот еве гледаме  се занимава со фалсикување избори, а вториот како претседател на ДИК аминуваше фалсификат на изборите 2004-та година. Значи едниот актуелен, а другиот со искуство. Нивното напред кое гледам како мото го применуваат всушност значи многу назад.

Македонија е исправена пред голема крстосница и цврсто верувам дека ќе се избере вистинскиот пат. На Македонија и треба претседателка. Дојде тоа време кога ваква цврста жена како професорката Силјаноска ќе ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави на страната правото и правдата, која ќе се бори за законите во рамки на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции.

Претседателка која ќе биде баланс на властите, ќе се бори за еколошките прашања, за подобро здравство, за светско образование. Ќе работи на укинување на привилегиите на власта. Без разлика што ние многу скоро ќе бидеме на власт, привилегиите мора да се намалат. Претседателка која ќе биде вашиот глас во политиката, рече во дел од својот говор Мицкоски.

На почеток