Македонија

Вака ќе е цела сезона: Гужва на границата со Грција, а потоа и на обиколницата километарски колони

Гужвите на македонско-грчката граница, односно преминот „Богородица“ станаа постојана слика за време на викендите. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд. Според АМСМ се чека од 15 до 20 минути за да се помине границата. Во пракса, според возачите, тоа е и до 40-50 минути стоење во место.

Големи гужви летниов период има и при влез во Солун. Поради градежни работи на обиколницата покрај градот, има долги колони.

Гужвите се очекува дополнително да ескалираат во екот на сезоната.

На почеток