Македонија

Желни да кажат нешто за новата Влада: СДСМ нема да молчи на новата собраниска седница

Пратениците на СДСМ решија да дискутираат во Собранието на точката за избор на нова Влада. Ова доаѓа откако претходно никој од нив не се пријави за збор кога се конституираше Собранието и се правеше избор на собраниски спикер. Прв ќе зборува поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а по него, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски.

Рокот од 20 дена за формирање влада истекува на 25 јуни. За Владата да биде изгласана потребно е апсолутно мнозинство од најмалку 61 пратеник од вкупно 120-члениот парламент. Седница за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од приемот на предлогот. Расправата во Собранието може да трае најмногу два дена односно до утре на полноќ.

На почеток