Македонија

Поплавена и болницата во Тетово, пола град без напон: нови информации по невремето

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека на ден 23.06.2024 година во 16:35 часот попладне имаше локална појава на пороен дожд грмежи силен ветар и град.

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава на настани во врска поплавени куќи,подруми заглевени коли под подвожњакот,поплавени улици,патишта паднати дрва и дурги слично порблеми.На повеќе улици на градот забалежено е поплавување на голем број подрумски простории како на пример Кај касарна има собирано вода но се поминува и нема застој на сообраќајот.Исто така има поплавено улица кај 172,голема речица патот што излегува до ЈИЕФ,улица 146, населба Голема Речица,подвозникот кај авто школа Уно-1,исто времено има заглевено комбе под подвожњакот. Поплавени се сите подрумски простории на клиничката болница тетово.Има поплавени куќи како на пример во село Јегуновце, фалише, село Сиричино,Ул.Благоја тоска,улица 180,улица 172,улица 109,улица 171, улица Илинденска и др. По барање на Комадирот на Тппе Тетово Авни амети да биде исклучена електрична енергија во целиот град Тетово од страна на дежурна служба евн не известија дека само пола Тетово е без напон и не можат да го исклучат целито електрична енергија за целито град,само можат да иклучат електричната енергија каде што има поплавени куќи или подруми, или кај има искри од бандери што е оштетени од невремото.За ова случај изветен е Командирот на Тппе тетово и рак на РЦУК Тетово Арлинда Мухареми. Исто така, во раазговрос со Командирот на Тппе тетово бара помош од другите надлежни информации,не можат да излезат во пресрет кои се поплавени подруми и куќи.Од ЦУК известен е и заманеик Рак на ДЗС тетово и му е пренесоно дека Тппе Тетово бара помош.

На терен активно работат екипи од ЈКП Тетово,Тппе Тетово кои со помош на пумпи вршат испумпање на во на водата од поплавените простории.

Од страна на раководителот РЦУК Тетово го има извезтено кризниот штаб тетово на настанот што го опфати Тетово.

Подетално инфорамции од ЦУК, интегрално::

„Невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон и траеше околу 40 минути проследено со силен дожд, град и ветер заврши. Моментално времето е стабилизирано. Како последица на невремето на тел 112 пријавени се огромен број на настани од кои поголем дел се за поплавени подрумски простории, одрони , поплавени подвозници и улици, прекини на ел.енергија паднати дрвја и друго. Моментално екипи на ЈКП Тетово и ТППЕ Тетово интензивно интервенираат во нормализирање на состојбата. Од страна на ЈКП Тетово сме известени дека подвозникот на влезот во Тетово од кај Скопје кој беше поплавен и непрооден сега е прооден и сообраќајот се одвива редовно. Заглавеното возило од ТППЕ Тетово нај истиот подвозник е тргнато. Исто така од страна на ЈКП исчистена е шахтата која го блокираша патот кај касарната во Тетово и истиот патен правец сега е прооден, а исто така и патот од кај спортскиот центар што оди кон касарната од страна на ЈКП е исчистен и прооден. Моментално во Тетово сите патни правци се проодни. Од страна на ЈКП Тетово во најкоро време ќе се интервенира на влезот на општина Желино каде што на подвозникот запушена е шахтата и има насобрано околу два метри вода. Се очекува истиот да биде прооден во наредните часови. Во разговор со шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Желино не извести дека цистерна од ЈКП сеуште не не дојдена и се интервенира со екипа од Комуналното претпријатие од Општина Желино со една пумпа и се очекува на помош да дојде едно возило цистерна од приватна фирма. Засега немаме добиено информации за излевање на вода од реките и потоците во полошкиот регион како што се Доброшка Река, Поројска Река, Пена, Вардар и останатите. Од страна на Раководителот на РЦУК Тетово Арлинда Мухареми сме известени дека раководителот на ДЗС Г-дин Беким Максути формирал екипа за помош на погодените реони во Тетово и околината опремена со пумпи и останата опрема и истите ќе се вклучат во помош во најкраток можен рок. Поради невремето голем дел од Тетово како и околните населени места се без ел.енергија. На сите пријавители на поплавени куќи и подруми од наша страна им е сугерирано да ја исклучат ел.енергија во својот дом за да не дојде до спој и несакани последици се додека не се испумпа водата од полпавените објекти. Во реоните каде што се интервенира од страна на ТППЕ Тетово и ЈКП Тетово во испумпување на водата а каде што има проблеми со ел.енергија ( паднати бандери, искрење и др ) во координација со евн ќе биде исклучена ел.енергија во времетраење на испумпување на водата од објектите. Имаше еден наста од поплавена куќа во Тетово во која слегувајќи по скалите во подрумот сопственичката се лизнала по скалите и се здобила со полесни повреди на главата и крварење на истата. Од наша страна е пријавено на Брза Помош кои интервенираа и на повредената и е укажана медицинска помош. Исто така има пријавено неколку настани за одрони како на патниот правец Скопје Тетово поточно 1 мк до с.Групчин-Општина Желино.

Од наша страна известени се Македонија пат и кои рекоа дека ќе пратат екипа за да го исчисти одронот. На патниот правец Гостивар Маврово пријавено е дека има паднато дрво кај Хотел Империјал. Известени за настанот се Македонија Пат кои ќе интервенираат во отклонување на истото. Паднато дрво има и на патниот правец Брвеница Гостивар кај фармата Единство во с.Челопек и искинати се кабли од ел.енергија. Известени се ЕВН како и ПС Жеровјане кои ќе пратат екипа и по пристигнување на местото на настанот ќе не информираат за моменталната состојба. По пристигнување на екипата од ПС Жеровјане добиена е информација дека не се работи за кабел од ел.енергија туку за телефонски кабел кој не претставува опасност по луѓето.Пријава за паднато дрво има и во с.Сараќино-Општина Тетово врз жици на далековод на ел.енергија. Од наша страна известена е дежурната служба на ЕВН на која им е сугерирано да го исклучат целиот извод за да може да се тргне дрвото и санира проблемот со ел.енергија.Од страна на Градоначалникот на Општина Јегуновце Г-дин Димитар Костадиновски сме известени дека во с.Сиричино има поплавено 10 тина куќи подрумски простории и дворови. Истиот бараше помош од ТППЕ Тетово , но поради проблемите настанати во градот ТППЕ Тетово не се во можност да помогнат во реонотна Општина Јегуновце. Моментално ТППЕ Тетово со 15 пумпи и сите расположиви сили интервенира етапно во градот и поради големиот број на пријавени настани не се во можност веднаш да интервенираат на сите места. На пријавителите од наша страна им е сугерирано да имаат трпение.Моментано до сега пријавени поплавени подруми, куќи има од с.Јегуновце, с.Сиричино, с.Желино, ул.Јордан Златаноски, ул. Дервиш Цара, ул.141, ул. Предраг Јанчески, ул.171 ул.146, ул.Мехмет Паша Дерала, ул.151, ул. Фуштанска, ул.Кумановска, ул.Мирче Ацев, ул.Благоја Тоска, Блок 70, ул.118, Населба Тетовчанка и Населба мала Речица сите од Општина Тетово.

Во разговор со дежурната служба на ЕВН добиена е информација дека моментално се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред ќе се пушти струја“.

To Top