Свет

Хорор во Кина: Најмалку 5 лица загинаа во поплави по рекордни врнежи

Поплавите создадоа целосна апокалипса: десетици војници исчезнаа во невремето во Индија

Најмалку пет лица загинаа во поплави во планинска област во централната кинеска провинција Хунан, соопштија денеска властите.

Четири смртни случаи и едно лице првично беа пријавени за исчезнати во округот Јуанлинг во понеделникот, а телото на исчезнатото лице беше пронајдено утрово, соопшти одделот за итни случаи на округот, пренесе новинската агенција Ксинхуа.

Округот Јуанлинг во саботата забележа рекордни врнежи од 337,8 милиметри на квадратен метар во текот на шест часа.

Главната железничка станица во Шангај денеска го прекина сообраќајот на десетици возови поради обилните врнежи од дожд и ветер и високиот ризик од поплави, соопшти локалната железничка управа, пренесе Ројтерс.

На почеток