Австралија со раширени раце го чека Асанж: Се огласи австралискиот премиерот
Австралискиот премиер Ентони Албанез денеска изјави дека сака Џулијан Асанж (52) што е можно поскоро да се врати во Австралија откако основачот на Викиликс беше ослободен од затвор и ја напушти Велика Британија откако постигна договор со американските власти да се изјасни за виновен за кршење на законите за шпионажа.
Албанес пред австралискиот парламент изјави дека случајот против основачот на Викиликс се одолговлекува долго време, дека тој сега е ослободен од затвор и дека сака Асанж сега да се врати дома во Австралија, објави Ројтерс.
Асанж е упатен пред окружниот суд на американскиот пацифички остров Саипан на Маријанските острови, каде што се очекува да се изјасни за виновен по една точка во среда како дел од договорот за признавање вина што ќе му овозможи да биде ослободен и да се врати во својот дом во Австралија по 14 години правна постапка против него.