Македонија

Приведени крадци од Прилеп, ограбиле викендица

Приведен крадец во Тетово, фатен на дело

На 24.06.2024 во 17.50 часот во Градско, во близина на локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(32) и Е.С.(40), двајцата од Прилеп, кои одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С.(61) од Скопје.

Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти. Н.А. и Е.С. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток