Свет

Руте: Тоа што сум избран за генерален секретар на НАТО е голема чест за мене

Холандскиот премиер Марк Руте денеска изјави дека за него е голема чест што е избран за генерален секретар на НАТО.

„Алијансата беше, останува и ќе биде камен-темелник на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа организација е одговорност што не ја земам лесно“, рече Руте.

Тој им се заблагодари на сите членки на НАТО за довербата во него.

„Со нетрпение очекувам да ја преземам функцијата со голема енергија во октомври, наследувајќи го Јенс Столтенберг, кој исклучително добро ја водеше Алијансата во изминатите 10 години и на кого отсекогаш му се восхитував“, рече Руте во објавата на мрежата X.

Земјите членки на НАТО денеска го избраа холандскиот премиер Марк Руте за генерален секретар на Алијансата.

На почеток