Свет

Tепачка во најголемиот затвор во Грција: Се сомневаат дека има мртви

Кривична против двајца затворски полицајци од Струмица, му овозможиле на осуденик да излезе од затворот

Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.

Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.

Засега не се знае како дошло до тепачката, ниту кој е убиен.

Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.

Грчките медиуми јавуваат дека „тензијата се уште трае“ и дека чуварите не можат да се приближат.

На местото на настанот се испратени екипи на итната помош.

На почеток