Свет

(Видео) Воз излета од шините: Двајца загинати, многу повредени

Најмалку две лица загинаа во излетување на воз од шините на северот на Русија, а едно лице се води како исчезнато, соопшти денеска државната железничка компанија.

Воз со 14 вагони излета од шините во северната руска република Коми синоќа, соопшти Руски железници, додавајќи дека девет вагони излетале од шините. Околу 50 лица се повредени, јави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на претставници на службите за итни случаи.

Возот со 232 патници се движел кон јужниот град Новоросијск од Ворутка, рударски град на северот на Република Коми, соопшти железницата. Таа додаде дека силен дожд, кој однел делови од железничките пруги, најверојатно е причина за излетувањето од шините.

Руската железница вети дека ќе плати два милиони рубљи (околу 22.900 долари) на семејствата на секој од загинатите, покрај 2.025 милиони рубљи (околу 23.100 долари) што ќе ги добие од осигурување.

Повредените кои морале да се лекуваат во болница ќе добијат по милион рубљи (околу 11.400 долари), а оние кои добиле амбулантна нега за повредите ќе добијат 500.000 рубли (околу 5.700 долари), соопшти компанијата.

На почеток