(Видео) Пожар во станбен блок во Лондон: Пет лица повредени


Пет лица се повредени и пренесени во болница откако во четвртокот вечерта пожар избил станбен блок во источен Лондон.
Околу 70 пожарникари и 10 противпожарни возила се ангажирани во гаснењето на пожарот на улицата Римил во Норд Вулвич, јавува Sky News.
Поголемиот дел од трисобниот стан на 10-тиот кат е оштетен, соопшти лондонската противпожарна бригада.
Противпожарните екипи евакуираа околу 100 жители. Контролниот центар примил триесетина повици околу 22.30 часот, а пожарот е ставен под контрола нешто пред полноќ.
Причината за пожарот е под истрага.
As seen from 650m East of location. pic.twitter.com/vXacAgRACq
— Andrew Christy (@AJBC_1) June 27, 2024
