Се огласи таткото на девојчето (13) кое го усмрти гром на плажа на Халкидики
Родителите на девојчето (13), кое рано денеска на плажата на Халкидики го усмрти гром, се во шок и не можат да поверуваат што се случило со нивната ќерка.
Според таткото на девојчето, семејните безгрижни моменти се претвориле во кошмар кога гром ги погодил неговата ќерка и сопругата. Девојчето починало на лице место, додека неговата сопруга е повредена.
Тој вели дека денеска фамилијарно отишле на пливање и дека кога почнал да врне, излегле од морето. Додека биле на плажа, пред нив удрил гром, а неговата сопруга и ќерката паднале на песокот.
„Моето девојче повеќе не стануваше“, вели неутешениот татко.
Тој напоменува дека жали што не ја напуштил плажата десет минути порано. Таткото вели дека тогаш неговата ќерка би била жива.
Да потсетиме, трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Треба да се напомене дека на подрачјето на Халкидики денеска времето е лошо со обилни врнежи од дожд.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.