Македонија

Мицкоски седна до Тошковски: Испраќам порака дека ќе има одговорност за криминалот, кој е рак рана на општествово

„Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:

Денес имав средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за оваа важна тема. Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда – борбата против корупцијата.

Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Испраќам јасна порака: Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето.

Доаѓа време на правда.

Само така државата ќе направи повеќе за народот.

На почеток