Свет

Руските сили уништија 36 украински беспилотни летала

Руските сили синоќа соборија 36 украински беспилотни летала во шест региони во западна Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Руските власти тврдат дека во нападите нема жртви, ниту дека е причинета материјална штета.

„Системите за противвоздушна одбрана уништија 15 беспилотни летала во Курската област, девет беспилотни летала во областа Липецк, по четири беспилотни летала во областите Воронеж и Брјанск и по два беспилотни летала во Ориолската област и Белгородската област“, ​​се вели во соопштението на руското Министерство на Телеграма.

Во областа Липецк нападот бил „масовен“, изјави гувернерот Игор Артамонов.

На почеток