Свет

Полицијата уапси тинејџер кој избоде млад човек на универзитет во Сиднеј

Момче било запалено на фестивал во Австралија: полицијата трага по сторителот, објави фотографии

Австралиската полиција соопшти дека уапсила 14-годишно момче кое утринава избоде и тешко повреди 22-годишен маж на Универзитетот во Сиднеј.

По инцидентот зградата на универзитетот била затворена.

Екипите на итната помош му укажале на мажот, кој во тешка, но стабилна состојба бил пренесен во болница, соопшти полицијата.

Според полицијата, напаѓачот бил уапсен во близина на болницата, пренесе Ројтерс.

Нападот доаѓа околу два месеци откако шест лица беа убиени, а 12 повредени во напад со нож во трговски центар покрај плажа во Сиднеј.

На почеток