Скопје

ЈСП тврди дека не им должи на приватните превозници

ЈСП Скопје преку соопштение демантира дека има долг кон приватните превозници кои пак обвинија дека не им се исплаќаат средства и дека веќе се презадолжени на бензиските пумпи, па затоа од утре до петок најавија дека ќе возат само до 10 часот наутро.

Од Јавното претпријатие велат дека доколку ги остварат ваквите закани ќе се соочат со тужба бидејќи како јавен превоз имаат обврска кон град Скопје согласно потпишаниот договор.

Меѓувреме од ЈСП велат дека поднеле и соодветна тужба поради клевети, континуирано креирање паника и вознемирување на граѓаните од страна на поединечни политички инструирани превозници.

Приватните превозници лани поради неисплатен милионски одлг кон нив од страна на ЈСП не сообраќаа на градските улици повеќе од шест месеци, а дел од нив поставуваа и блокади на некои од главните сообраќајници на централното градско подрачје.

Тогаш беше постигнат договор меѓу нив и ЈСП по што продолжија да ги даваат своите услуги на граѓаните.

На почеток