Скопје

Нова несреќа во Скопје, судир мопед-автомобил: едно лице во болница

На 20.07.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица од бул.„АСНОМ“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, управувано од Б.Ш.(43) од Скопје и мопед „кимко“, управуван од В.С.(45) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток