Скопје

Крими Скопје: Натепани косовари во Центар, скопјанка натепана од партнерот, друга среде ресторан од поранешниот парнтер

Денеска (07.07.2024) во 05.30 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена пријавила дека на 06.07.2024 околу 22.30 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Д.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, И.Ш.(48) од Косово пријавил дека околу 09.30 часот, во објект во изградба на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.У и М.У., и двајцата од Косово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 05.07.2024 околу 22.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.И., кој ѝ упатувал и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток