Скопје

Арачиновец настрада со „кимко“: однесен во болница

На 05.07.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Куманово, во атар на с.Арачиново, скопско, мотоцикл „кимко“, управуван од Б.С.(22) од с.Арачиново, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На почеток