Свет

(Видео) Се појавија снимки од страшна експлозија во фабрика во Кина, црн чад го покрива небото

Голем пожар избувна во фабрика во Кина по експлозија што се случи во неделата на 7 јули.

Инцидентот се случил во фабрика во градот Гуангдонг, додека снимката од експлозијата се појавила на социјалните мрежи.

На нив се гледа црн чад кој го покрива небото додека беснее пожар во фабриката.

Итната помош веднаш пристигнала на местото на настанот, додека се стравува дека многумина се повредени.

Засега нема информации за жртви.

Властите продолжуваат да го истражуваат случајот.

На почеток