Скопје

(Видео) Дел од Кејот остана без клупи, Арсовска без интерес да стави нови

Дел од Кејот на Вардар остана без клупи, Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска без интерес за да стават нови. Граѓаните го користат за релаксација штом се намалат жештините во текот на денот, но немаат каде да седнат. Клупите кои „исчезнаа“ се релативно нови, поставени лани летото.

За ова прашање се дискутираше и на седница на Советот на Скопје, во март годинава. Тогаш советникот Никола Пановски јавно обзнани дека иако барал, никогаш не добил информација од ЈП Паркови и зеленило или градоначалничката за украдените клупи. Тој предупреди дека прекривањето на кражбата е исто така кривично дело.

Но ни ова не допре до Арсовска и службите со кои таа раководи. Во недостаток на официјални информации, познато е дека фалат околу 30 клупи, на потегот од Карпош 4 до Градски парк.

„Скопје1“ побара одговори од Град Скопје дали кражбатае пријавена во МВР, зошто нема нови клупи и дали е тоа поради неодговорноста на Арсовска. Одговори очекуваме, иако Градот, речиси и да не одговара на новинарски прашања поставени во име на граѓаните.

To Top