Утрово избегнат инцидент на комбе со над 30 тина патници. Станува збор за комбе на ЈСП кое движело од село Цветово до Драчево.
Во движење им пукнала гума, за среќа, не кога се симнувале од планинскиот дел, туку на рамница, па возачот успеал да го запре возлилото.
„Скопје 1“ ви презентира фотографии од комбето во кое секојдневно се превезуваат жителите од овој реон, но и деца кои го користат како превоз за во улилиште. Прашање кое се наметнува кој дал дозвола ова комбе да се регистрира? Патичкото возило е во фаза на распаѓање, со истрошени гуми, но и натаму превезува патници.
Води ли некој сметка во ЈСП во какви комбиња се превезуваат патници?
Патниците кои го користат превозот на ЈСП итно бараат раководтвото да превземе мерки и да ја зголеми нивната безбедност, а од МВР пак бараат поголема контрола и надвор од центрот на Скопје, за тоа какви превозни средства се користат за превоз на деца и патници.