Свет

Шефот на НАТО: Не можеме да дозволиме Русија да победи

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг синоќа ги повика лидерите на трансатлантската безбедносна алијанса да ја задржат поддршката за Украина во нејзината војна против руската инвазија, велејќи дека исходот од конфликтот ќе ја обликува глобалната безбедност со децении.

На почетокот на самитот во Вашингтон по повод 75-годишнината од формирањето на НАТО, Столтенберг рече дека алијансата мора да ја покаже истата решителност што ја покажала во другите клучни моменти од својата историја.

„Нема бесплатни опции со агресивна Русија како сосед. Нема опции без ризик во војна“, рече тој, додавајќи дека најголемата цена и најголемиот ризик ќе има ако Русија победи во Украина.

„Не можеме да дозволиме тоа да се случи“, додаде тој.

To Top