Свет

Орбан објави фотографија со Трамп: „Разговаравме за мир, тој ќе го реши“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида.

„Мировната мисија 5.0. Беше чест да се сретнам со претседателот Доналд Трамп денес во Мар-а-Лаго. Разговаравме како да постигнеме мир. Добра вест на денот: Тој ќе го реши!“, објави Орбан на X заедно со фотографија со Трамп.

Да потсетиме, Унгарија неодамна го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија, а оттогаш Орбан отпатува во Киев, Москва и Пекинг, каде разговараше со Володимир Зеленски, Владимир Путин и кинеските лидери, како што тврди, за ставање крај на војна во Украина. После тоа, тој присуствуваше на самитот на НАТО во Вашингтон, кој заврши синоќа.

Неговите патувања ги налутија лидерите на Европската унија, кои велат дека Орбан не се однесува како европски лидер, туку како унгарски премиер, односно дека не ја претставува ЕУ кога разговара со рускиот претседател Путин.

На почеток