Македонија

Во Македонија уапсен екс припадникот на ОВК–косовското МНР бара негово ослободување

На влез во државава, на граничкиот премин со Косово „Јажинце“ синоќа во 16 часот македонската полиција го уапсила Блерим Рамадани, поранешен припадник на УЧК, кој се бара со потерница од Интерпол Србија.

Како што информираа од МВР тој бил уапсен при пасошката контрола откако системот јавил дека лицето се евидентира со мерката „АПСИ“, по што бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово.

Во меѓувреме, Србија бара Рамадани да им биде испорачан, додека од Косово порачуваат да не се екстрадира во Србија каде што е баран за извршени воени злосторства за време на војната 1999 година.

-Многу често се случува земјите да уапсат некого, а потоа да не го екстрадираат. Ако некој навистина сака да се бори против воените злосторства, ако има документирани обвиненија, тогаш секако очекуваме да биде екстрадиран за да одговара за злосторствата,- Ивица Дачиќ – Вицепремиер на Србија и МВР.

To Top