На клиниката за детски болести, почина двеипол годишно девојче.
Информацијата ја потврдија од Клиниката за детски болести.
-Во понеделник попладне на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести е примено женско дете на возраст од 2,5 години со знаци за сериозна бактериска инфекција. Претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано еден недела од страна на матичен лекар. Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено на оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето почина, се наведува во соопштението од Клиниката.