Скандалозен напад над Косово e инцидентот на аеродромот за Алијансата на Села
„Алијансата за Албанците најостро ја осудува сериозната провокација против Република Косово, преку скандалозното однесување на службениците на скопскиот аеродром кон претседателот на Републиката, Н.Е. Вјоса Османи“, вели крилото на Зијадин Села и додава:
„Итно бараме надлежните органи да ги истражат и санкционираат сите одговорни за овој скандалозен напад врз авторитетот на претседателот на Косово, кршејќи ги сите меѓународни протоколи и конвенции.
Власта на ВМРО преку вазалите на ВЛЕН, незадоволувајќи се со деградирањето што им го направија на Албанците во РСМ, сега се обидува да го омаловажи и навреди и Косово, па дури и претседателката на Република Косово.
За нас овој случај не е обичен инцидент, туку сериозна провокација за која треба да сносат одговорност и да побараат извинување од шефот на Владата, до луѓето кои учествуваа во овој случај“.