„Дискутиравме, сѐ ќе биде во правец на законите“ – Екстрадицијата на осудените од Монструм и припадниот на УЧК на маса пред Курти и Мицкоски
Екстрадицијата Блерим Рамадани (припадник на УЧК) од Македонија и екстрадиција на Алил Демири и Африм Ислаилови од Косово (осудени за петкратното убиство што се случи пред 12 години на Смилковското езеро) биле тема на разговор меѓу премиерите на Албин Курти и Христијан Мицкоски.
„За овие две прашања дискутиравме. Нашите соодветни министри за правда ќе бидат во постојан и директен контакт. Се ќе биде во правец на општата вредност заснована на Уставот и законите, но и во рамки на добрососедските односи кои се евроспки и сакаме да ги негуваме. И за Рамадани случајот е разгледан и се надеваме што побрзо ќе бидат затворени двата случаи, за законите да бидат спроведени, но и нашите добрососедски односи да бидат запазени и да се негуваат“, рече Курти.
Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека минситрите за правда ќе соработуваат како за случајот за Блерим Рамадани, така и за двајцата бегалци од случајот „Монструм“.