Македонија

Почина новинарот Саше Димовски

Тажна вест утрово во новинарските кулоари. На 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски.

Тој боледуваше од дијабетес, по што му беше ампутирана ногата, а се собираа и средства за негова рехабилитација.

За жал, Димовски не ја издржа битката до крај.

Колегите се простуваат од него на социјалните мрежи.

Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.

На почеток