(Видео) Со кордони специјалци полицијата утрово ги растерува демонстрантите во Белград, кои се борат против ископ на литиум
Полицијата утринава ги избрка граѓаните кои синоќа ја блокираа станицата Прокоп на протест против Рио Тинто и ископ на литиум. Активистите Иван Бјелиќ и Никола Ристиќ, кои не сакаа да го напуштат Прокоп, па беа приведени во полиција.
“Ovo je naša zemlja!” – plakale su i u isto vreme pevale majke pred 200 policajaca pod punim naoružanjem i fantomkama i još oko 50 u civilu, koji su poslati u 5.30 na stanicu Prokop da nas rasteraju samo zbog protivljenja rudniku litijuma!
Ivan Bjelić i Nikola Ristić su privedeni pic.twitter.com/6VBkPmhGjS— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) August 11, 2024
Потпретседателката на ССП, Мариника Тепиќ, која ја помина ноќта на станицата Прокоп блокирана од граѓани кои се борат против ископот на литиум, вели дека според нејзините проценки биле испратени околу 200 полицајци во полна опрема и уште најмалку 40-50 во цивилна облека.
Prokop upravo, 5:47
Desetine žandara nas je opkolilo kao da smo teroristi pic.twitter.com/kSujr5hEpp— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) August 11, 2024
Според Златко Кокановиќ, еден од организаторите на протестот, откако утринава околу 6 часот полицијата ги растерала граѓаните од блокадата на железничката станица Нови Београд, граѓаните се упатиле кон Пионирски парк.
Došlo je 300 specijalaca da rastera nas 50 sa blokade na železničkoj stanici Novi Beograd. pic.twitter.com/09c54cAir1
— Biljana Stojkovic (dabrica) (@pajaoliver) August 11, 2024
Учесниците на протестот, српскиот премиер Милош Вучевиќ ги нарече разбиена банда, додека министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ најави дека по завршувањето на протестот дошло до тешко нарушување на јавниот ред и мир и прекршување на законите и дека против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни пријави.
„Кукавици и лажговци! Екологисти кои не садат дрва, туку копаат гробови, и отворено и монструозно му се закануваат на претседателот Вучиќ со смрт. Нема да го исплашите! И нема да дозволиме да ја загрозувате Србија заради лични интереси кои ги поддржуваат и Курти, усташите и странските служби“, напиша премиерот Вучевиќ на социјалната мрежа Х.