Бугарија забрани „ЛГБТ пропаганда“ во училиштата
Бугарската Влада дејствувајќи преку закон, забрани промоција на како што велат, „нетрадиционална сексуална ориентација или родово определување“. Бугарскиот парламент го изгласа, а со него, стрикно се забранува промоција на лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите личности…
Според народните избраници, сето ова е ЛГБТ пропаганда. Забраната е имплементирана преку Законот за предучилишно и училишно образование, усвоен од 159 пратеници, додека против биле 20, а 10 воздржани.
Народните избраници сметаат дека ваквата забрана е согласно бугарскиот Устав, кој предвидкува дека брак е заедница меѓу маж и жена.
„Кога земаме текстови од Википедија за да донесуваме закони, тоа не е десна ориентираност, не е конзервативна ориентираност и не е заштита на бугарските деца, тоа е евтин популизам“, рече Елисавета Белобрадова од реформистичката „Продолжуваме со промената“.