Свет

19-годишник со македонско потекло планирал терористички напад: дал заклетва на Исламска држава, поседувал хемиски супстанци

Австриец со потекло од Македонија е еден од уапсените под сомнение дека требало да изврши тероризам во Виена, на концертите на светски познатата пејачка Тејлор Свифт. Ова го објави австрискиот весник „Кронен цајтунг“, кои појаснуваат дека закажаните спектакли се откажани.

„Уапсениот 19-годишен Австриец со потекло од Македонија, со семејството живеел јужно од Виена. Се сомничи за тероризам“, пишуваат тамошните медиуми.

Безбедносната закана била голема, особено ако се има во предвид дека на концертот се очекувале 68.000 лица во публика, а пред стадионот можело да дојдат 22.000 лица.

Но, освен лицето со македонско потекло, уапсен е 17-годишник, додека по три лица се трага. Сите биле радикализирани преку интернет. За лицето со македонско потекло, генералниот директор за јавна безбедност на Австрија, Франц Руф тврди дека дал заклетва на исламската држава на почетокот на јули.

„Кај 19-годишникот се најдени и хемиски супстанци“, додаваат од службите на Австрија.

На почеток