Македонија

Нема пари за плати и пензии, ниту исплаќање на долгови без ребалансот кој денеска е пред пратениците

Нема доволно пари за плати и пензии во буџетот, ниту за исплаќање на доспеаните обврски. Ова го кажа министерката за економија, Гордана Димитриеска-Кочоска на собраниската седница. Поради ова, власта предложи ребаланс, за кој од пратениците побараа поддршка.

Според министерката, ребалансот покажува како ВМРО-ДПМНЕ планира да владее. Таа посочува дека не сакаат да одложуваат исплаќање на обврски, а со ребалансот ќе се зголемат и пензиите од септември.

Во детали пред пратениците објаснуваше за трговскиот дефицит, бруто-домашниот производ и економските политики кои ги планираат.

На почеток