Македонија

„Ќе се овозможи уништување на јавни простори“, невладините на нзое поради измените на Законот за урбанизам

„Ние во Гоу Грин сме загрижени за најновата предлог-измена на Законот за урбанизам која се носи по брза постапка, без соодветна јавна дебата и учество на засегнатите граѓани и граѓанскиот сектор. Оваа промена не само што го исклучува гласот на јавноста, туку и претставува закана за нашето јавно добро“, велат од Асоцијацијата „Гоу Грин“ и додаваат:

„Со оваа измена, ќе се овозможи уништување на јавни простори и непочитување на постоечките квалитетни законски решенија. Дополнително, изградбата на гаражи за автомобили ќе го зголеми бројот на возила на улиците, наместо да се поттикне користење на алтернативни и еколошки превозни средства.

Сметаме дека ваквиот пристап не е во интерес на граѓаните и околината и се надеваме дека оваа измена на закон нема да биде изгласана.

P.S. Ако навистина министерот за транспорт сака да прави промени на законите, го советуваме да се фокусира на подобрување на велосипедската и пешачката инфраструктура. Овие промени треба да се спроведуваат со унифициран и универзален дизајн, што ќе го олесни користењето на алтернативни превозни средства и ќе придонесе за почист и попријатен град за сите нас.

Придружете ни се во борбата за почист и поодржливи градови“!

На почеток